Вести

Собрание за одлагање на неизбежното за фудбалската мафија.

Конечно одржано  Вонредното собрание на ФФМ.

Од вкупно 96 делегати присуствувале 88. На Собранието се расправало по една точка од дневниот ред- измена на Статутот на ФФМ. Со измената на членовите на Статутот , наводно,се олеснува изборот на претседател на ФФМ. Сепак, и по ова Вонредно собрание многу работи не се „чисти“.За нов член на УО е избран Димитар Костадинов („Горска“) Се закажува редовно собрание во месец февруари, или март, а потоа и Изборно. Повторно има обид да се „купува“ време. Иаборот на претседател на ФФМ се оддолжува до бескрај. Челниците на ФФМ и нелегитимните делегати си терат по старо. Како никој ништо да не им може. 
Дали и натаму ќе мируваат надлежните органи, кога веќе сите тврдат дека има голем криминал во ФФМ!? Дали тоа значи дека некој се обидува да го сокрие и да биде соучесник во криминалот во најбогатата спортска федерација во Македонија и до кога вака ќе го шутираат фудбалот?

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter