Вести

Спортски јунак во Аргентина.

Уште пред почетокот на Младинските олимписки игри во Буенос Аирес беше јасно дека Драган Велинов нема шанси да постигне добар резултат.

Тој во последен момент беше вклучен во младинската олиммписка делегација, со вајлд карта.Но, желбата да се појави на душекот- за Драган беше посилна од се. Мораше да симнува и 15 килограми, за да се појави на Олимпијадата. Македонија доби вајлд карта за категоријата до 110 килограми. За да не се испушти оваа прилика, во последен момент во оган беше турнат Драган Велинов, 16 годишно момче од Штип. Драган Велинов го покажа големото срце и во борбата за петото место со борачот од Австралија Томас Барнс.Во еден момент, во борбата, Велинов го повреди коленото. Докторите инсистираа судијата да ја прекине борбата, поради повредата., но Драган покажа дека има големо спортско срце. Ја продолжи борбата , што предизвика голем, спонтан аплауз од аргетинската публика, која се до крајот и по завршувањето на средбата силно го поддржуваше Драган иако загуби- остана спортски херој.

Штипски асови

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter