Вести

Старт на пинг-понг шампионатот

Во Скопје се одиграа првите две кола од Супер лигата на Македонија во пинг понг. Неочекувано, лош старт имаа ланските државни вицешампиони- Шампиони ФА.

Ги загубија двете средби со Работнички 4-3 и со Младост 4-1.Младата екипа на УГД на стартот забележа една победа, над Мултитекс 4-1 , а загуби од лансикиот шампион ВАРДАР со 4-0. Оваа средба со Вардар, УГД ја искористи да ја внесе во игра и Ана Георгиева ( може да има и девојки во составите на екипите, но е е задолжително и да играат). Ана ги потврдила квалитетите, играјќи со момчиња , тврди тренерот Ване БАРБАРЕЕВ.Во екипата на УГД играле и Игор Саздов, Филип Кангалов, , Дамјан Бигорски. Во идните две кола во Прилеп, УГД се среќава со Шампиони Фа и Работнички.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter