Вести

Жарко Арсовски со уште еден медал

Викендов, се одржа силниот меѓународен карате турнир „Трофеј Белград“.И на овој силен турнир, Жарко Арсовски ги потврди своите квалитети.

Забележа дури пет победи за еден ден, а една загуби. Ја збогати својата колекција со уште еден медал- бронзен.„Среќен сум што во континуитет освојувам медали. По МИ во Тарагона, Шпанија, Балканските игри еве уште еден медал. Очекувам во екипна конкуренција и на СП, на МАКЕДОНИЈА да и донесеме медал, како што беше и завчера, кога од Белград се вративме со сребро. На СП во МАДРИД ,Шпанија, ќе настапам во екипна конкуренција...“- вели секогаш скромниот ЖАРКО АРСОВСКИ., кој токму во Белград, 2010 година, стана трет во светот резултат кој досега ниту еден каратист во Македонија не го повторил.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter