Вести

Започна светско првенство за борачи ветерани

До недела во Скопје, во спортската сала Борис Трајковски  се одржува СП за ветерани. Ќе учествуваат околу 300 борачи од околу 30 држави во светот.

На душеците ќе ги видиме и поранешните олимписки победници, светски и евриопски шампиони. Меѓу нив ќе бидат и неколку македонски борачи, кои на Изборното првенство на Македонија беа најдобри. Најдобар резултат се очекува од Трајан Ангелов, кој има искуство со овие натпревари- лани беше трет во Бугарија. Од штипските борачи, во недела ќе го видиме настапот на Иле Георгиев, кој интензивно се подготвуваше за првенството последните месеци.. Иле Георгиев во својата кариера како активен борач беше Балкански шампион во 2000 година, а истата година ја предводеше „златната генерација“ на БАЛКАНЕЦ, која стана европски вицешампион.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter