Вести

СП во борење за ветерани

Започна реализицијата на проектот за „Развој на борењето во Македонија“. Ќе бидат доделени осум боречки душеци на клубовите во Македонија , како и спортски реквизити и опрема за сите клубови и борачи во Македонија.

Свеченоста ќе се одржи на 27 септември,  во Скопје.Инаку, на 28 септември, петок, во Скопје, во салата на „Борис Трајковски“ ,ќе почне СП за борачи ветерани. Ќе има учесници од Македонија. Дознаваме дека од Штип ќе учествува Иле Георгиев, кој беше член на шампионските генерации на Балканец, освои златен медал и на Балканското првенство во Пиргос, Грција 2000 година, кога Балканец стана и европски вицешампион.Беше и тренер во Балканец. Ги бранеше боите на МАКЕДОНИЈА на Полицијадите, каде постигнуваше завидни резултати. На Изборното првенство за ветерани во Македонија годинава го освои првото место во својата категорија

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter