Вести

Крале Марко треилс

Љубителите на трчањето и на природата денеска и утре,  ќе се обединат на најголемиот настан во планинското трчање во Македонија, Крали Марко треилс, што ќе се одржи по осми пат

.„Почувствувај ја легендата, истрчај го митот“ е мотото на годинашната трка, која ќе има четири категории, со што ќе биде отворена за сите возрасти.Најпрестижниот настан е Козјак треил, своевидниот ултрамаратон на 67 километри, кој стартуваше во осум часот од амфитеатарот во Варош, кадешто е и целта. Учесниците можат да очекуваат патека со технички тежок терен и со недопрена природа, а највисоката точка на трката се наоѓа на Козјак, на надморска височина од 1.747 метри. Оваа трка носи четири поени за легендарната европска трка Ултра треил ду Мон Блан.Во 10 часот стартуваат уште две трки, Камена Баба на 34 и Трескавец на 16 километри, а најмладите ќе трчаат делница од еден километар, наречена Маркукуле треил.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter