Вести

Првенство на ветерани

Во организација на ФБСМ, в сабота , 14 јули, во Струмица, БК Извор како технички организатор, ќе биде домаќин на Изборното државно првенство во борење за ветерани.

Вакво првенство се организира за првпат во Македонија. Ова и заради тоа што нашата држава годинава е домаќин на СП за ветерани. Има информации дека ќе учествува Иле Георгиев, поранешен борач на БАЛКАНЕЦ, кој беше државен првак и најдобар на Балканско првенство. Најдобрите борачи на Државното првенство за ветерани од МАКЕДОНИЈА ќе изборат учество на СП за ветерани, кое во месец септември ќе се одржи во нашата држава, во Скопје.

Штипски асови

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter