Вести

Признание за џиу џицу тренерот Велинов

Македонската џиу џицу Федерација деновиве промовира односно унапреди еден тренер со признание 2 дан.Тоа е тренерот на Осенсеи - Штип, Виктор Велинов.

Впрочем, ова признание го заслужува овој скромен тренер, кој веќе 7 година по ред работи во џиу џицу клубот „Осенсеи“ ги воспитува младите талентирани спортисти во овој боречки спорт. Интересот на младите за џиу џицу во Штип е голем. Штипската екипа учествува и во Јадранската лига. На последното државно првенство, штипскиот клуб во екипна коникуренција го освои второто место, додека двајца штипски натпреварувачи поединечно беа најдобри. Токму за овие резултати на штипската екипа, најзаслужен е Виктор Велинов, кој работи како тренер и педагог, но е и сопственик на клубот. Виктор Велинов е единствен во Македонија со вакво звање. Поголемо признание има само претседателот на Федерацијата, Александар Ацевски, 3 дан. познат тренер и основач на џиу џицу Федерацијата.

Штипски асови

 

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter