Вести

Балканско првенство во одбојка на песок

Општината и официјално го информираше директорот на Гимназијата во Штип дека дворот да го даде на користење за одржување на Балканското првенство во одбојка на песок.

Во исто време , Општината информираше дека ќе ја дава целата друга логистичка поддршка за одржување на првенството.Балканското првенство ќе почне на 13 , а ќе заврши на 15 јули.
Идните денови, до 13 јули ќе се интензивираат сите активности за обебедување адекватни услови за учесниците на Балканското првенство. Ќе се донесе песок во дворот на гимназијата, ќе се постави монтажна трибина и се друго што е планирано за одржување на вакво првенство. Има најави дека ќе учествуваат претставници од 11 балкански држави, со околу 50 учесници.

Штипски асови

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter