Вести

И на дожд, Брегалница започна со подготовките

На Градскиот стадион во Штип, по силен дожд, беше означен стартот на подготовките на Брегалница.

Дождот не им пречеше на 26 -те фудбалери кои дојдоа на првиот тренинг да го реализираат планот на шефот на Стручниот штаб, Емил Грнев. Токму, пред тренингот, Емил Грнев, спортскиот директор Елмир Мандак и капитенот Ристе Наумов ја одржаа и првата прес конференција. Сите тројца, во присуство и на членовите на Бордот директори Никола Штериев, Стојан Шумански, Марјан Атанасов, секретарот Борис Цеков , беа единствени- во новата сезона цел на Брегалница е Првата лига.!

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter