Вести

Балканец пак се вивна

Во Скопје се одржа Државното првенство во кадетска и сениорска конкуренција. КАДЕТИТЕ на Балканец во екипна конкуренција го освоија првото место, а во сениорска второто.

Балканец можеше да биде и најдобар во сениорска конкуренција, каде освои 4 први поединечни места, но Лирија настапи со поголем број борачи на Државното првенство, што н носеше и повеќе бодови.Балканец и во кадетска можеше да освои уште едно прво место, ако не беше поразот во финалето на Давид Мишев.Први места и со златни медали од кадетите на БАЛКАНЕЦ се закитија Филип Тасев, Петар Костов и Драган Велинов. Во сениорска конкуренција од БАЛКАНЕЦ со златни медали се враќаат од Скопје- Дејан Митров,Бобан Савев, Аце Арсов и Бобан Данов.Сепак и сениорите на Балканец на голема врата се враќаат во кремот на македонското борење. Радува фактот што и кадетите на БАЛКАНЕЦ се доминантни во МАКЕДОНИЈА.

Штипски асови

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter