Вести

“Копилето“ Гризман ќе заработи добри пари-коментар на Диего Коста

Антоан Гризман изминатиов викенд беше топ тема во шпанската спортска јавност поради фактот што донесе конечна одлука за својата иднина, а начинот на кој ја соопшти истата го направи неговиот потег уште поспектакуларен и повозбудлив за јавноста на Пиринеите.

Французинот изработи краток документарец преку кој се обиде да долови колку ваквите одлуки се тешки за донесување, а иако во изминативе месеци многу медиуми веќе го најавија неговото пристигнување во Барселона, на крајот Гризман одлучи да го послуша срцето и да остане во Атлетико.Оваа одлука на францускиот голгетер наиде на воодушевување меѓу фановите на клубот од шпанската престолнина, но исто така, на Гризман ќе му донесе и енормна заработка бидејќи ќе стане најдобро платен фудбалер во историјата на клубот (деталите уште се договараат меѓу агентот на фудбалерот и клубот).Свесен за тоа е и неговиот соиграч во нападот Диего Коста, кој сега во свој стил одлучи да се огласи на оваа актуелна тема.

Копилето ќе заработи добри пари, – во свој стил низ смеа истакнал Коста за „Онса Серо“ и додал. Во животот секој го добива она што го заслужува, а ова момче во овој момент ќе го заработува она што го заслужува, немам никаква завист за тоа. Јас го добивам тоа што го добивам и не треба да се гледа во туѓата врата. Јас сакам да уживам и да постигнувам голови, а тоа го добивам во Атлетико. Ако сакав повеќе пари, има други места во светот, – додава шпанскиот репрезентативец.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter