Вести

Шампион ФА за титулата против Вардар

Пингпонгарската екипа на ШАМПИОН ФА ги продолжи натпреварите во плеј офот.

И денеска штипската екипа играше со Работнички. И тоа пак на теренот на Работнички, бидејќи скопјаните имаа подобар пласман во првенството од штипската екипа,па беа привелигирани. Но, тоа не му сметаше на ШАМПИОН ФА да направи уште едно позитивно изненадување. Во првата средба, минатата недела, Шампион Фа победи со 4-2. Денеска се водеше голема борба. Победникот ќе играше во финалето со Вардар. Средбата заврши со победа на штипјани со 4-3. Победи за штипската екипа извојуваа Саше Богатинов, Филип Младеновски и Александар Кралев. Во игра на двојки Богатинов и Младеновски ги победија своите противници и така обезбедија значајна победа, која ги води во финалето.За победата е заслужен и Зоран Димитриев, и пингпонгар и тренер. Како што споменавме, во финалето Шампион Фа ќе игра со Вардар. Во скопската екипа игра најдобриот македонски пингпонгар Кристијан Станојковски, па Живко Апостоловски, Миле Петревски.. Ќе биде интересна финалната средба, која ќе се одигра по 10 јуни. 

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter