Вести

Две злата за Осенсеи во Будва

На големиот меѓународен турнир во џио џицу, што викендов се одржа во Будва, Црна Гора, штипскиот клуб Осенсеи се врати со пет медали- две златни, две сребрени и една бронзена.

Златни медали освоија Станислав Грпов и Даниел Николиски, а сребрени Вангел Белташев и Кирил Иванов. Со бронза се закити Нина Таскова. Иако шрикажаа одлични борби, Стефан Донев и Филип Денсков не стигнаа до медали.
Штипјани истакнуваат дека турнирот бил одлично организиран, а членовите на џио џицу клубот Осенсеи во Будва одлично го претставиле Штип и Македонија.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter