Вести

Премиерот прими делегација на федерацијата на боречки спортови

Денеска премиерот Зоран ЗАЕВ ја прими делегацијата на Федерацијата за боречки спортови на Македонија, во чиј состав беа претседателот и потпретседателот на Федерацијата за боречки спортови во Македонија, Бетим Вренези, Дејан Богданов, секретарот Александар Лазарев, како и великаните на македонскиото борење, Шабан Сејдију и Зоран Шоров.

„Премиерот се интересираше за состојбите во овој спорт, за работата на Федерацијата, како се одвицваат подготовките за ЕП за кадети и СП за ветерани кои ќе се одржат во нашата држава , во месец мај и септември. Во исто време, премиерот Зоран Заев даде целосна поддршка на сите наши активности и на борењето. Од наша страна ветивме дека добро ќе го организираме ЕП за кадети и СП за ветерани...“- изјави по средбата со премиерот Зоран Заев, Дејан Богданов, потпретседател на ФБСМ.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter