Вести

Пинг-понг шампионат

Викендов се одиграа 12 и 13 коло во Супер лигата на Македонија во пинг понг. Многу средби од Супер лигата досега се одложени, па Федерецијата донесе одлуки и „возен ред“ за сите одложени средби.

Шампиони Фа имаат дури три одложени средби . 

Во 12 коло, УГД го совлада директниот конкурент за опстанок Асторијан од Струмица со 4-1. Младост направи изненадување совладувајќи го Работнички со 4-1, Вардар- Младост 96 4-1. Рисови-Шампиони ФА е одложена..
13 коло Рисови- Младост 1-4,Шампиони ФА- Вардар 1-4. Младост 96- УГД 4-0, Асторијан- Работнички 0-4.
Вардар иако победи убедливо со Шампиони ФА, штипјани му пружиле силен отпор, особено драматична, во пет сетови, била средбата меѓу Станојковски и Филим Младеновски, која завршила со победа на Станојковски.од 3-2.
На табелата водат Вардар и Работнички со 24 бода, пред Младост 14, Младост 96 12, Шампиони ФА 12, УГД 8, Асторијан и Рисови по 4. Најдобрите 4 екипи ќе играат плеј оф за титулата, додека последниот ја напушта лигата, а претпоследниот игра бараж за опстанпк со второпласираната екипа од Втората лига.

 

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter