Вести

Фајнал фор, ниту каде ниту кога

Женската и машката одбојкарска екипа на УГД во Првата лига ги завршија натпреварите. Двете штипски одбојкарски екипи се пласираа на осмите места на табелите.

Женската екипа собра вкупно 17 бодови, машката 8. Во тек се завршните натпревари за титулите, без учество на штипските екипи.Сега се очекуваат завршните натпревари во пионерска и јуниорска конкуренција. Пионерките на УГД имаат шанси да се пласираат во полуфиналето, бидејќи во првиот дуел беа подобри од Јанта Волеј. Машката јуниорска екипа на УГД обезбеди учество во финалниот фајн фор турнир, кој се уште не се знае каде ќе се одржи.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter