Вести

Отец Пимен вечерва во Штип

Денес  со почеток во 19 часот, во Пијано Бар во Штип, Отец Пимен ќе ја промовира својата втора книга ,,Патувајќи".


Турнејата за промоција на книгата ја започна во својот роден град Ресен со настан во спомен куќата на Татарчеви. Пред многубројната публика, говореа истакнати имиња од Ресен, а Отец Пимен се заблагодари за поддршката што ја има од сите во родниот град. 

“Нема потреба да ви кажувам колку многу ми значи вашето присуство за кураж пред промоциите низ другите градови низ Македонија, ама ќе нема поединечни покани, бидејќи сите сте поканети”, напиша Отец Пимен во својата отворена покана кон Ресенчани на социјалните медиуми. 

 Книгата со наслов „Патувајќи“, во издание на „Матица македонска“ од Скопје, е збир на колумни кои го тераат и читателот да пропатува преку неговите размисли и ненаметливи совети. Втората книга на Отец Пимен, митрополит европски на Македонската православна црква, „Патувајќи“ беше промовирана во Прилеп, синоќа во Струмица, вечер во Штип, а во Скопје промоцијата ќе се одржи на 18 септември.

,,Штипјани и комшиски градови, утре во 19 во кафе бар Пијано ние ќе допатуваме. Се надевам и вие.
П. С. Ако сеуште имате рокери низ градот, добредојдени сте."- Напиша Отец Пимен синоќа по промоцијата во Струмица на својот Фејсбук профил. 

Од „Матица македонска“ најавуваат дека книгата ќе биде претставена и во Битола и Куманово.

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter