Вести

1.000.000 денари за борба против инсекти и глодари

Страв лозје чува е народната.Така по таа народна народот со право крена малку повеќе паника за болеста лашманиоза.Паниката пред се‘ е поради тоа што самите неможеме да се заштитиме, уште помалку некој друг тоа место нас да го стори.

Општината на последната седница во ланската година на дневен ред ја имаше програмата за заштита на населението од заразни болести.За дезинскеција и дератизација предвидени 1.000.000 денари.Принципот на дезинсекцијае “Пипс“, ги молите комарците, и другите мушички да излезат од жбуњето покрај Брегалница за да станете нивен предатор односно истребител.Кога веќе е помината програмата, народе  ќе мора како и многу пати досега да се снаоѓате.Напролет ставете им на вашите љубимци хемиски препарати,за да не ги напаѓаат крлежи, комарци и слични паразити.Ставете на прозорците наситни мрежи, навечер не излегувајте по лестни тераси и бавчи, никако по паркови.Можеби ќе преживеете.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter