Вести

Кокарда “Св. Никола“ за Стојанче Ангелов

Штип во времето на владеењето ДПМНЕ воведе Ден на градот, пандан на Денот на ослободувањето 8-ми ноември.

Со цел да го омаловажат ослободувањето од фашистичкиот окупатор, а со самото тоа и роденденот на првиот македонски генерал Михајло Апостолски, ВМРО ДПМНЕ во времето на градоначалникот Зоран Алексов, одлучи да се слави “Св. Никола“ како ден на градот. И тогаш и сега врапчињата знаат дека воведувањето на овој датум како Ден на Штип, беше да се велича името на друг штипјанец  Никола Груевски.И , оваа година откако се промени политичката структура се слави 19-ти декември како Ден на градот Штип.По тој повод лично градоначалникот одлучува кому ќе му припадне медалот “Св. Никола“ и кој ќе ги добие признанијата.

Годинава одличјето Свети Никола му е доделуваме на нашиот истакнат сограѓанин, патриот и херој којшто во текот на многу турбулентни случување со свој личен пример покажа како се сака Република Македонија.

Во 2001 година кога земјата ни крвареше, Генерал Стојанче Ангелов не се штедеше туку со храброст и пожртвуваност замина на боиштата во одбрана на татковината.

Генералот во сите изминати години жестоко се бореше за слободата дури и тогаш кога многу луѓе ја премолчуваа неправдата.

Големината на овој човек е и во тоа што покрај сите премрежја низ кои поминал, тој е подготвен да подаде рака во знак на помирување.

Токму таа негова одлучност за поддршка и личен влог за успехот на концептот на едно општество за сите, го прави Генерал Стојанче Ангелов да биде носител на орденот Свети Никола .Стои во писменото известување од Градоначалникот на Штип Благој Бочварски. Добитници на признанието “Св. Никола“ се:Штерјо Наков почесен конзул на Република Романија, стопанственик и помагател на Штип. Бранко Азески почесен конзул на Република Црна Гора, и претседател на Стопанска комора на Македонија. Признание за општествена одговорност добива компанијата “Пеком инженеринг“. Утре за Денот на Штип се очекува во Штип да биде и поглаварот на МПЦ-ОА Господин-Господин Стефан.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter