Вести

Програма за млади од 56.000 денари

Денеска заседаваше Советот на млади на Штип. Донесена програмата за работа за следната година, која ќе чини 56.000 денари.

Колку пари, толку ќе има музика за младите.Инаку,од вкупниот број на жители, млади се 8.981, што претставува 20 % од вкупниот број на населението во оваа Општина. Во согласност со последните статистички податоци во 2016 година, денес, најбројна е популацијата на млади на возраст од 20 до 24 години, и тоа 2.885 млади, потоа 2.469 млади на возраст од 15 до 19 години, 2.207 млади на возраст од 25 до 27 години и 1.543 млади на возраст од 28 до 29 години.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter