Вести

Каракачанов се плаши за парите од “бугарски пасоши“

На јавната дебата за уставни измени во Штип , професорот Ѓорѓи Спасов ја смируваше јавноста по заканите од бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов дека Македонија нема право да приговара за македонскиот јазик.

 

Спасов без влакна на јазикот рече дека реакцијата на Каракачанов се должи на неговиот страв дека со влезот на Македонија во ЕУ, може да остане без парите од продажбата на бугарските пасоши.

Инаку Каракачанов е претседател на бугарското ВМРО, коалиционен партнер во бугарската влада, која ја контролира Агенција за Бугари во странство, инаку одговорна за неодамнешниот скандал со корупцијата со провизии од издавање на бугарски пасоши за странски државјани.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter