Вести

Едногодишен пресек

Градоначалникот на Штип Благој Бочварски, по заокружувањето на 365 дена на оваа функција направи сублимат на досега сработеното.

После една година во Општина Штип, во оштината се инвестираат над 2,6 милиони евра во инфраструктурни проекти коишто го обезбедуваат долгорочниот раст и развој на градот.Кажа Градоначалникот Бочварски во презентацијата на својата едногоишна работа.тој ја извести јавноста дека Општина Штип и јавните претпријатија инвестираат во квалитетна инфраструктура.

За само една година во Штип се изградени 2440 метри улици и 1000 метри локален пат, реконструирани се 1070 метри улици и изградена е 4000 метри квадратни инфраструктура за пешаци, 1400 метри тампонирани улици и пристапни патеки. Извршена е изведба на нови и реконструкција на постоечки водоводни линии со должина од 2929 метри и канализациони линии со должина од 1624 метри.

Во Општина Штип е започнато со изградба на детска градонка во населба Сењак, капитален проект којшто е од големо значење за граѓаните. Овој проект чини 800.000 евра и ќе го реши проблемот со сместување на 200 дечиња.Како едни од значајните предизборни ветувања на Бочварски, се гасификација на општина Штип и брана на реката Отиња.

„Избран е најповолен економски оператор-компанијата „Простор“ од Куманово, фирма која ќе обезбеди идеен и основен прокет за 20 километри гасификациона мрежа. Бочварски додаде и дека во моментот се работи на преработка на основниот проект за брана на реката Отиња, а паралелно со тоа се работи на ревизијата на основниот проекто за брана на реката Oтиња. Завршен е тендерот и започнува да се работи на студијата зза животна средина.

 

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter