Вести

Штип во Сетубал

Изминативе денови делегација од Општина Штип, предводена од градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, беше во посета на Португалија, во градот Сетубал, а во рамки на проектот „Future of Europe Reload“.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски имаше свое обраќање пред присутните на настанот. Овој настан беше во организација на градоначалничката на Сетубал, Мариа дас Дорес Меира, а присутни беа и градоначалници од други земји-членки на Европската унија и тоа од: Аksakovo (Бугарија), Ozarow Mazowiecki (Полска), Nughedu Santa Vittoria (Италија), Victoria (Романија) и Monserrat (Шпанија).

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter