Вести

Гласам

Гласам, значи го искористувам суверенитетот кој ми припаѓа на мене како граѓанин.

 

Гласам, значи непосредно се изјаснувам како граѓанин.
Гласам, значи како граѓанин ја остварувам власта по пат на референдум.
Гласам, значи дека сум консултиран како граѓанин за прашање од пошироко значење за мојата единствена држава.
Гласам, значи одлучувам за иднината на мојата држава, за мојата иднина, и иднината на моите деца.

Имаш право и да не гласаш.
Имаш право и да не го искористиш суверенитетот кој ти припаѓа како граѓанин/граѓанка.
Имаш право и да не ја остваруваш власта по пат на референдум.
Имаш право и да не бидеш консултиран како граѓанин/граѓанка за прашање од пошироко значење за твојата држава.
Имаш право и да не одлучуваш за иднината на твојата држава, за твојата иднина, и иднината на твоите деца. Немаш право ни да се буниш зошто други одлучуваат за тебе за твојата иднина.

Фрагмент од текстот на Жарко Трајановски

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter