Вести

Северина ќе и пее на пастрмалијата

21,22, 23 септември повторно пастрмалијада. Овој пат организаторот општината ги одбегна српските турбофолкери, но затоа нивен субститут е хрватската естрадна индустрија, Северина.

Таа ќе биде главната месарија односно ѕвезда на годинашново издание на Пастрмалијадата и тоа на 22-ри септември.Покрај неа ќе настапат:Кристина Арнаудова, Дани, Влатко Стефановски, белградската група Ван Гог, па Зоран Илиев и Јоце Панов, како интро во настапот на Северина.ПОследниот ден ќе заврши со настапот на Амадеус бенд од Белград.Угостителите не сакаат да бидат организатори, но сакаат да земаат пари од пастрмалии.Така на дујлето на тезгите ќе гледаме пастрмалии произведени од кафетерии, и ќе гледаме како се поијат околу 200.000 лименки со разни алкохолни и безалкохолни пијалоци.Општината за патрмалијадата треба да издвои над 2 милиони денари.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter