Вести

Маленко “олимписки“ го “преплива“ Нашков

Пливање, олимпизам, и политика. Ви се чини невозможна, но е реално и можна комбинација.

Македонскиот пливач Методи Поп Ацев не замина на европско првенство оти пливачката федерација заборавила да го пријави.Дарко Нашков претседател на пливачката федерација таков пропуст да направи не е можно. Кога тој повеќе да не е претседател. Второстепената комисија при владата на Македонија , утврдила неправилност во одржаното собрание на пливачката федерација на која Нашков беше избран за претседател во сведоштво на Каевски директор на Агенцијата за спорт и млади.Откако второстепената комисија открила неправилности Централниот регистер во регистерската влошка повторно го впишал Александар Маленко за претседател. Ете зошто Поп Ацев е заборавен.Од друга страна се зборува дека во Македонскиот олимписки комитет треба да се бира претседател, желбите на долговечниот претседател Циле Тупурковски се евидентни, апак Маленко бил негов човек, со кој тасот на македонскиот олимпизам останува кај Васил Тупурковски.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter