Вести

Процесуирани кривични пријави против Илчо Захариев

Радио Штип, внимателно ги следи сите текови по поднесените кривични пријави против поранешниот градоначалник Илчо Захариев.

Дознавме дека две од кривичните пријави веќе се процесуирани и се закажни судски рочишта.Обвинителство  и судот ја прифатиле кривичната пријава против Захариев што ја поднесе СВР- Штип, а се однесува на незаконското давање пари на претпријатието Актива .Имано Захариев место да наплати за комуналии 1.899.918 денари (30.730 евра) за уредување на градежно земјиште за изградба на објект со локација во индустриската зона Запад во Штип (која во урбанистичките планови постои од 2014 година), пријавениот наплатил само 332.299 денари (5.400 евра), со што и нанел штета на општина Штип, а на правното лице му овозможил да се стекне со противправна имотна корист од 1.567.619 денари (25.500 евра).Втората процесуирана кривична против Илчо Захариев е незаконското отстранување на објекти во сопственост на ЈП “Стипион“, кои се наоѓаа кај градскиот базен, со цел расчистување на парцела и нејзина продажба.Во тој случај „И.З. во својство на градоначалник на општина Штип и Игно Иванв како вршител на должност директор на Јавното претпријатие „Стипион 2011“ – Штип во периодот од 27.10.2015 до 12.07.2016 година во повеќе наврати ја злоупотребиле својата службена положба и овластување. И.З. како градоначалник на општина Штип издал Одобрение и Наредба за отстранување на објекти околу градскиот базен Штип, како и продажба на истиот, без да добие согласност од Советот на општина Штип. Игно Иванов несовесно постапил при спроведување на постапката на Одобрението и Наредбата за отстранување на објекти. Тој не ги одбил иако знаел дека се противзаконски, туку ги спровел и ги извршилна овој начин, Захариев и тогашниот в.д. директор на „Стипион 2011“ причиниле материјална штета на јавното претпријатие

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter