Вести

Спомен соба во чест на претседателот Киро Глигоров

Денеска  свечено беше отворена за јавноста спомен собата  која го отсликува животниот и политичкиот пат на првиот претседател на самостојна Република Македонија-Киро Глигоров.

Во таа пригода во мултимедијалниот центар “Киро Глигоров“, говореа премиерот Зоран Заев, домаќинот градоначалникот Благој Бочварски.Беше прикажан краткометражен филм за Киро Глигоров.Спомен собата ги содржи предметите кои од покојниот претседател Киро Глигоров за Штип ги отстапи неговата ќерка Донка Глигорова.На денешното отворање таа се заблагодари на Штип што убаво по сите стандарди ја направил спомен собата, истакнувајќи дека секогаш Киро Глигоров во секоја прилика кажувал дека е штипјанец.Така да ова е негово враќање во Штип.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter