Вести

Вонредно собрание за “Никола Тесла“

Вечерва во 20 часот во салата на Советот на оппштината ќе се одржи вонредното собрание на Радио клубот “Никола Тесла“.

Повеќе од 7 години раководството нема свикано собрание ниту има избрано нови тела кои раководат со клубот.Токму поради тоа членови на овој клуб формираа иницијативен одбор, за да го откочат закочениот процес од страна на неколку лица, и повторно да го афирмираат и популаризираат радиоаматерството.Според јавно објавените информации право на глас на вонредното собрание имаат членови кои ја платиле членарината до 28-ми јуни годинава.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter