Вести

Заобиколување на Законот за Води

Јавното претпријатие Исар , имаше јавен повик за изработка на Елаборат за одредување на заштитни зони , на водоснабдителните капацитети во месностите Фортуна, Штипско езеро, а може и АРМ.

Тој што го доби тендерот предлага, да не ти се верува решенија, кои никаде во Законот за води не се впишани, или пак никој не го прочитал Законот за води кој е на силa.Еве што предлага “искусниот“ изработувач на елаборат, ако тоа е елаборат.

Врз основа на првиот сегмент од овој Елаборат, а во врска со обиколницата, се предлага три од постојните бунари да бидат ставени надвор од употреба.  Колку за потсетување Законот за води забранува секаква градежна активност, ако не е во функција на водоснабдувањето, но ставање вон функција на бунари никако.

Врз основа на вториот сегмент од Елаборатот, а во врска со пешачката патека, предложени се две опции:

1.    Патеката која минува во непосредна близина на бунарите и во рамките на првата заштитна зона на бунарските подрачја Фортуна и Штипско Езеро во иднина да се стави надвор од употреба

2.    Бунарите кои се лоцирани во близина на патеката, односно помалку од десет метри од неа да се дислоцираат (прва потесна заштитна зона, каде не смее да има никаков пристап) и патеката да остане во функција.

Сега баш како на грб ли или со нешто друго ќе се дислоцираат изработени и бунари кои даваат вода е во светски рамки непознат процес

За тоа како ќе се постапува по однос на укажаните препораки од Елаборатот, ќе одлучува Советот на Општина Штип.

Според Законот за води, Советот на општината нема надлежност да носи одлуки за елаборатот, туку надлежниот министер, односно Министерот за животна средина.

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter