Вести

Ненаситникот бара уште пари.

Комисијата за култура е на тешки искушенија и маки, како да не му згреши на Горан Гаврилов, односно на ГБЦ комуникации со се нивното дрндало од медиум.

ГБЦ комуникации од општината од граѓаните на Штип бара да му бидат доделени 900.000 денари од народната каса, за во неговата кафеана организираат некакви настани за кои сметаат дека граѓаните треба да се потресат од наводната култура и уметност.И уште бара пари од буџетите на манифестации како Штипско културно лето “Макфест“ и пастрмалијада.ГБЦ комуникации бара преку родот од прво колено, да троши пари како да се негови, иако тоа што го нуди во замена е ветер и магла.Овој недоделкан субјект, треба сериозно да го доделкаат бројните инспекции заедно со Агенцијата за аудио и адуиовизуелни медиумски услуги.Доколку комисијата процени дека треба да му бидат доделени пари на ГБЦ, тогаш граѓаните на штип мора од локалната администрација да барат пари за реализација на свадби, матурски, родендени и погреби.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter