Вести

60 лица од Штип во Стражица-Бугарија

Општина Штип испрати своја делегација од 60 лица кои ја претставуваат општината во гратчето Стражица во Република Бугарија.

Станува збор за делегација во чијшто состав влегуваат лица од образовни институции во општината, младинци, спортисти, ученици, претставници од локалната самоуправа, невладиниот сектор, како и многу други претставници коишто веруваме дека Штип ќе го претстават во најдобро светло. Штипските претставници би требало да учествуваат на повеќе настани, како на пример;промоција на македонските традиции, со фокус на локалните традиции во Штип, гастрономијата, образовните перспективи, спортските успеси и слично. Претставниците на Штип од образовните институции ќе имаат можност да остварат соработка на полето на пронаоѓање партнерски институции за аплицирање на проекти од европските фондови. Претставниците на општината ќе имаат можност да учествуваат во дебата на којашто ќе се зборува за европските перспективи на земјата и регионот.Сето тоа е убаво доколку изборот на претставниците на општината Штип, не беше волунтеристички.

 

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter