Вести

Директорски импровизации

Центарот за култура “Ацо Шопов“ станува жариште на досега невидена поларизираност помеѓу вработените.

Уште еднаш да повториме дека причина за тоа е новата систематизација на работните места во оваа национална установа, односно која е под закрилата на Министерството за култура.Директорот на Центарот за култура на своја рака скроил систематизација и, некому според негова наоѓање им дава нови решенија со кои се унапредуваат и им се зголемуваат платите.Дури е измислена работна позиција “Советник за драмска дејност“.Моментно во Центарот има 4-ца драматурзи, и недостасуваа уште советници за драмска дејност.Она што сериозно загрижува е појавата вакви акти и други решенија ги носи само директорот, а не и Управниот одбор.По словото на Законот ваквите акти стапуваат на сил, откако ќе ги усвои Управниот одбор и основачот.Во конкретниот случај, не е направено ниту едното ниту другото.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter