Вести

ДПМНЕ направи пустош во училиштата

Претседателот на СДМС – Штип, Никола Тушев, жестоко ги нападна штипските дпмнеовци.

Додека ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип продолжува со рециклирано ширење стари лажни вести, притоа губејќи секаков реален колосек на политичката сцена, денеска сакаме да го насочиме вниманието на јавноста кон проблемите коишто новата локална власт ги наследи заради расипништвото и неодговорното работење на претходните раководства од ВМРО-ДПМНЕ.Истакна Тушев додавајќи:

Еден од многуте наследени проблеми со кој се соочува актуелната локална власт се долговите на средните општински училишта.

Збирно, заклучно со ден 31.12.2017 год., четирите средни општински училишта во Штип должеле 14.600.000 денари. ВМРО ДПМНЕ не водела сметка за образованието и условите за учење на учениците и оставиле долгови од речиси 240 илјади евра (237.398 евра).

Ова е уште една потврда за тоа како кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, расипнички и неодговорно дозволувале долговите за нафта и превоз на ученици да се наталожуваат со години.

ВМРО-ДПМНЕ е партијата чиишто функционери денес дрско, безобразно и без срам се расфрлаат со неосновани обвинувања, зад себе остави финансиски, инфраструктурен и организационен пустош.

Граѓаните избраа промени со што заврши времето на лошото и неодговорно владеење на ВМРО-ДПМНЕ што ги оставаше училиштата во долгови.

Новата локална власт предводена од СДСМ и градоначалникот Бочварски ги санира овие проблеми и преку посебни мерки ќе ги исплати сите долгови.

Досега, со помош на Министерството за образование, исплатени се значителни средства  во износ од 4.149.000 денари (67.463 евра), со што долгот е намален за 28%.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter