Вести

Стечајците не сакаат Царовска да ги влече за нос

Огромен  револт има  кај стечајците. Само во Штип околу 170 работници одбиени за надомест.

Дел добиле негативно решение, додека други кои работеле во истата фирма добиле позитивни решенија. Во образложението пишувало дека фирмата била приватна, а тоа не било точно велат штипски стечајци.Други посочуваат други дека државата односно Министерството за труд и социјална политика им дава негативни решенија со образложение дека немаат доволно стаж, или дека некои доброволно ја напуштиле работата, што според штипските стечајци е невистина.Поради ова Кемаладин Арсланов и другите стечајци бараат средба со премиерот Заев и со министерот Царовска.Инаку, во Штип позитивно решение за добивање стечаен надоместок добиле 270 граѓани, а на ниво на држава, нивниот број изнесува над 5.200.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter