Вести

Сите сакаат вода, ретко кој сака да ја плати

Водата за пиење, миење и друго користење станува интересна тема на повеќе барања на граѓани и асоцијации.

Пред неколку месеци Советот на општината прифати барање со кое членови на здружението на лицата со попреченост во им беше овозможено да имаат за петстотини денари пониски сметки, а кон исар тој трошок ќе го покрива општинскиот буџет.По оваа одлука по тие стапки тргнаа и други сродни организации, кои пак бараа целосно ослободување на плаќање на сметките за вода, бидејќи станувало збор за инвалидизирани и лица со попреченост.Уште полошо е што ова како  парадокс го прифатија обичните граѓани, па сега бараа впишување нивно во вакви асоцијации само да не ги плаќаат сметките за вода.Има примери кога лица на свои осумедесет години да докажуваат дека неможат да одат или да гледаат телевизија, само да не платат сметка за вода.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter