Вести

Роднини на локален функционер ќе се богатат на сметка на пациентите во болница

Скандал невиден досега се случува во штипската Клиничка болница. Од понеделникот, храната во болницата ја доставува приватна компанија која го доби најголемиот тендер во Штип, во износ од 16.520.000 денари, истакна Љубе Здравков, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Согласно условите предвидени во тендерот за набавка на храна, пациентите за појадок  требаше да добијат- леб, путер, мармалад, топено сирење, корнфлекс и стерилизирано млеко. Наместо погоре наведеното, пациентите во штипската болница добија само премала количина путер и мармалад, рече Здравков и додаде:

„Но, не само еден ден, согласно тендерот, 250 пациенти оваа храна ќе ја добиваат дури 5 пати во неделата. За скандалот да биде уште поголем, компанијата која ја доставува храната очигледно не ги исполнува ни основните услови за производство, транспорт и пакување на храната. Актуелниот Директор не само што не се погрижил да осигури задоволување на основните законски услови за достава на храна за болни лица, туку и предвидената количина е недоволна за закрепнување на пациентите. Го повикуваме директорот на Клиничката болница да каже – дали компанијата која го доби тендерот има воведено ХАСАП за производство на храна, ако знаеме дека вака изгледа местото од каде потекнува храната?“.

Дали, запраша Здравков, компанијата е регистрирана како кетеринг кујна?

-Дали транспортот на храната се врши согласно препораките на Агенцијата за храна и ветеринарство или со овој обичен пик ап, кој не ги исполнува елементарните услови за транспорт на храна?, праша и подвлече:

„И за крај, како е возможно тендерот од 270.000 евра за готови оброци за болнички пациенти да го добие компанија која е ќерка фирма на градежна компанија и која ниту има искуство со производство на храна за комерцијални цели, ниту е регистрирана како кетеринг кујна? Директорот на Клиничката болница е должен да им објасни на граѓаните и на Агенцијата за храна и ветеринарство, зошто применува ваков срамен и нехуман пристап при лекување на пациентите од источниот регион, зошто за неквалитетна и храна подложена на ризик потроши 270.000 евра, и дали пациенти можат да се лекуваат со еднолична исхрана, во лош изглед и мали количини? Ги повикуваме надлежните институции да го истражат случајот и да проверат зошто има реакција меѓу пациентите, затоа што здравјето и грижата за граѓаните е пред се“.

Од Клиничката болница пак велат дека тие распишале јавен повик за одредување на оператор за снабдување со храна за пациенти на лекување во клиничката болница. Согласно распишаните критериуми најдобра понуда, имала штипската фирма Бравиа.Друштвото со ограничена одговорност Бравиа е лоцирана на улицата Борис Кидрич бр. 20 , во објект што се вели 5х5, кој е излепен со фаст фуд производи и ценовници.Побаравме одговор од државниот санитарен и зравствен инспекторат за условите за производство и дистрибуција на храна, одговор ќе добиеме наредните денови.Инаку сопствениците на Бравиа се блиски роднини со одговорно лице во локалната самоуправа.

 

 

 

 

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter