Вести

Политички притисоци за матурските веселби

Мај типичен месец за матуранти и матурски.Иако реално матурата во ова време нема социолошко значење, традиционалниот нагон за кич парада го прави своето.Но матурските се исклучително значајни за угостителите.

Па затоа меѓу нив се води вистинска војна, во која не се бираат средства, само да се дојде до организирање на било каква матурска во кафеаната.Матурските пирови се организираат за четврто одделенци, па за осмоделенци, средношколци, па за пет , десет, петнаесет и повеќе години од матурирањето Во жарот за пари угостителите ја вклучуваат и локалната политика.Најблиски роднини носат одлуки дека матурски мора да се организираат во кафеаната на роднината, инаку  раководителот на училиштето би бил сменет од таа функција.Ова секако не е шпекулација ако во редакцијата добете писмо и тоа од раководители, кои не се сложуваат со ваквите притисоци.Но тој ков на божемни угостители не знаат за милост, за децата осмооделенци ја надувале цената да биде 1.000 денари, иако сите трошоци со се музика и добивка не надминува повеќе од 500 денари по ученик.Но кој ги прашува учениците и родителите, има да играат по нотите на угостителскиот крвопиец, бидејќи зад него стои сестра, брати, чичко , тетка функционер

 

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter