Вести

Први мај, одамна затворено-загубено поглавје

Денот кога работникот се чувствуваше за човек.Ете тоа во суштина е празникот 1-ви Мај Денот на трудот.

Ден за потсетување дека со сопствената пот, работа, ентузијазам, може да се живее, иако претходно  сте немале капитал за работа.Беше така , сега  сме во време на средновековен капитализам.Време во кое работникот е ништожник, кој  мора да се трпи, бидејќи нема кој друг да ја работи таа работа.Работникот не треба да зема плата, и таа што ја зема му е многу, прашање е дали заслужува и корка леб.Така се однесуваат поголемиот дел од нашите сопственици на претпријатија.Први мај без синдикати, без протести тогаш како сакаме почитување.Денот кога работникот се чувствуваше за човек, одамна затворено поглавје.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter