Вести

На работа не одат, бараат плата

Случајот Народна техника - Штип, ги открива сите слабости не на самата асоцијација туку на општеството.Како инаку да се објасни феноменот на двајца вработените во Народна техника.

Едниот вршител на должноста директор, другиот вработен хигиеничар.Согласно Законот за работни односи, треба да се води евиденција на доаѓањето на работа.Во штипската народна техника не постои не електронско , туку ниту пишано  евидентирање на доаѓањето на работа.Хигиеничарот подолго време е во  странство а, тој што е божем одговорно лица, подолго време вози такси .Позната е одредбата од Законот  за работни односи дека три неоправдани изостаноци од работа, носат по автоматизам отказно решение.Но познат е и фактот што овие двајца во завршната сметка ги евидентирале како побарувања кон Народна техника, платите кои не ги заработиле.И од вакви примери мора со жал да констатираме дека надлежните не докрај си ги извршуваат обврските.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter