Вести

Судот и обвинителството во Штип , кријат злодело на судски полицаец

Викенд случајот со божемно паднатиот маж во парк и со пиштол, има сосема друга приказна, за која сведочат очевидци на настанот.Мажот кој бил вработен како судски полицаец, бил под дебело влијание на алкохолот.

Од дејството на алкохолот, или од нешто друго паднал во паркот, каде имало и деца и други лица.Неколку деца притрчале да му помогнат , но овој пијаниот успеал да го извлече службениот пиштол, што не смеел да го носи и очевидците тврдат дека го репетирал кон децата.Децата се разбегале, а три од нив во тој период по 19.30 минути отишле во полицијата  да го пријават настанот.Полицијата ги презела потребните мерки, и го предала случајот  на надлежните институции.Овие надлежни институции како судии и обвинители , бидејќи станува збор за вработен во судска полиција ставаат квалификатив дека пијаниот судски полицаец сакал да изврши самоубиство.На тој начин сакале да го заштитат судскиот полицаец, поради носењето на пиштолот надвор од објектот и институцијата за која професионално се ангажирани.Обвинителството  првенствено не треба да го маскира случајот, прво за да не се повторат вакви настани, и второ да ги одучат вработените во судската полиција, да не ги носат службените пиштоли , и тоа кога судските полицајци се морце пијани.

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter