Вести

ДПМНЕ го штити беззаконието

ДПМНЕ од Штип денеска го обвинија градоначалникот Благој Бочварски, дека ништо не направил за поврзување на булеварот Гоце Делчев, со улица Партизанска.

А, зошто градоначалникот Бочварски да се потресува за божемните проекти што ги иницираше Илчо Захариев.Овој проект е спротивен на Законот за води.Захариев го започна без потребните согласности, и без комплетна документација.На Захариев целта му беше да го уништи водоснабдувањето.Надвор од Законот за води направи патеки среде бунарски систем, доведувајќи го во опасност цел Штип. Тоа му беше малку ,па ајде и мост повторно преку извори од кои Штип пие вода, и пак прекршувајќи го Законот за води.Ако беззаконието е клучната алка на делувањето на ДПМНЕ, благодариме за грижата.

 

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter