Вести

Бизнисмените во Штип побараа паузата од половина час да не се плаќа

Пред некој ден премиерот Зоран Заев, имаше разговори со дел од штипските стопанственици кои имаа значајно учество во стопанството и во Македонија.Заев беше принуден да слуша секакви и сечии исповеди, кои дури се граничеа со добро ментално здравје.Дури еден од тие предлози за добро ментално здравје е дека Владата мора да ја укине паузата на работниците, и истата да не биде платена.

Така е со дел штипските газди, и тој пола час им смета.Тие дури тврдат дека платена пауза нема никаде во свет.Колку за потсетување најдобро би им било да го погледаат филмот на Мајкл Мур.Тој Мајкл Мур лично посетува конфекција во Италија, каде работниците имаа два часа платена пауза, а за платената пауза во Дукати , нашите газди ниту на сон нема да сакаат да ја видат.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter