Вести

“Игнор“ за УО на Центарот за култура

Истакнатиот македонски режисер Александар Поповски, поднесе оставка, и при тоа ги посочи сите проблеми со кои како претседател на Управниот одбор се соочил во управувањето на Македонскиот народен театар.

Повеќе...

Се‘ помалку ученици ,а се‘ повеќе наставници.

Имено, според податоците на Државниот завод за статистика бројот на ученици во основнто образование во учебната 2007/2008 година изнесувал 222.359 ученици, а во учебната 2017/2018 година оваа бројка изнесувала 192.448 ученици што е намалување за речиси 30.000 ученици.

Повеќе...

Секретарот на Кочани

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против А.П. (60) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено  продолжено кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување“.

Повеќе...

Нови жртви на патот Штип - Радовиш

На магистралниот пат Радовиш–Штип, во близина на рудникот Бучим, товарно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле превезувани 23 лица-мигранти од Шри Ланка и Бангладеш, управувано од непознато лице, излетало од коловозот и удрило во заштитна метална ограда од мост.

Повеќе...

УГД кулинарите најдобри

Во Ниш, Република Србија, се одржа Петтиот меѓународен гастро-туристички фестивал, во организација на Здружението на угостителски и туристички работници во Ниш, а истиот е под покровителство на  Министерството за трговија, туризам и енергетика на Република Србија, Туристичката организација на градот Ниш, Кулинарската федерација на Србија и WACS – World Association of Chefs Socities (Светската асоцијација на шефови на кујни).

Повеќе...

Македонците исчезнуваат по природен пат

Според процената на населението (состојба 31.12.2017), во Република Македонија има 2.075.301 жител, што е за 13.007 лица или 0.6 % повеќе во однос на 2012 година и 30.124 лица или 1.5 % повеќе во однос на 2007 година.

Повеќе...

Заврши учебната година, распуст од проблемите

Денеска завршува учебната 2017/18 година.За да не останат покусо дел од завшрените основци , крајот на своето школување во системот на основното образование го прославија со дувачи и ора.

Повеќе...

Студиска програма Современ танц

На Универзитетот Гоце Делчев севкупно има нешто повеќе од 5.000 слободни места за запишување на студенти, редовни, вонредни, во државна квота или со кофинансирање.

Повеќе...

Долго топло лето

Не‘ очекува потопло лето во кое температурите, според најавите од синоптичарите, ќе ги надминат многугодишните просеци во некои делови и за над три степени.

Повеќе...

Почнува летната ферија

Утре официјално завршува учебната 2017/18 година.По тој повод денес во Дом на млади се одржува пригодна програма по повод крајот на учебната 2017/2018 година.

Повеќе...

Оператори, здравство, на штета на тие што чекаат операција на око

Системска фалинка ги закочи операциите на очи во клиничката болница.

Повеќе...