Вести

Во “Злетовица“ се пиеле пари

Поранешниот директор на Јавното претпријатие Хидросистем „Злетовица“ – Пробиштип Стојан Миланов,иницирал постапка за јавна набавка за градежни активности, без претходно изготвена документација и одобрение за градба.

На тендерот била избрана фирма од Кочани, која добила од претпријатието над 13 милиони денари.Во текот на 2012 година пријавениот како директор во Јавното претпријатие Хидросистем „Злетовица“ – Пробиштип, преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство иницирал постапка за јавна набавка за градежни активности во наведеното јавно претпријатие, без претходно изготвена проектна документација и одобрение за градба. Притоа, за изведувач на градежните активности била избрана фирма од Кочани, која стекнала противправна имотна корист од 13.150.062 денари

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter