Вести

“Земјоделски“ на меѓународна конференција

Претставници од Земјоделскиот факултет, учествуваа на 65. јубилејна Научна конференција во организација на Универзитетот по хранителни технологии во Пловдив.

На јубилејната конференција учествуваа претставници од универзитети од Русија, Полска, Јапонија, Кина, претставници од повеќе универзитети од Бугарија, како и претставници од Земјоделскиот факултет при УГД, предводени од деканот Љупчо Михајлов.Јубилејната конференција овозможи презентирање на дел од активностите на Земјоделскиот факултет, како и можност за размена на контакти и отворање можности за идни соработки со други институции.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter