Вести

Со 32 нови песни по 33 пат “Макфест“

За петнаесетина дена во Штип ќе се одржи 33-то издание на Фестивалот на забавни мелодии “Макфест“.

Уметничкиот директор Владимир Дојчиновски оваа година се одлучи во официјалната програма да помести дури 32 песни.Таа продукција публиката ќе ја чуе и види  во две полуфинални вечери што ќе се одржат на 4 и 5-ти , а финалето на 6-ти октомври.Од авторските имиња  се што е квалитативнопродуктивно е присутно на Макфест. Од Копров, Ванчо Димитров Кире Костов, преку Ристо Самарџиев, Кристиијан Габровски, Хари Котларовски, Дарко Димитров, Лазар Цветковски, Роберт Билбилов, Весна Малинова и други.Дури е добро што и  најпознатите пејачки имиња, а кои се на располагање ги снимија своите песни.Меѓу изведувачите:Ѓоко Таневски, Дани димитровска, Роберт билбилов, Наташа Малинкова, Тајфата и Димитар Андоновски, Александар Тарабунов, Џокси, и други. За 25-ти септември е закажана традиционалната прес конференција на која ќе биде извршено жребувањето за редоследот на настап.Годинава нема оркестар, ќе се пее во живо на матрица.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter