Вести

Кротко трошење на количините вода

Најдоброто освежување е кога дома ќе ја отворите славината и преку чешмата во дланките ќе ја почувствувата животворната течност водата.

Секое лето знаеме нерационално да се однесуваме кон водата, па ја користиме ,односно ја расфрламе на сите страни.Зголемената потрошувачка е предизвик на Јавното претпријатие “Исар“ да бара и дополнува нови количини на вода во водоснабдителниот систем.По едно десетина години, годинава беше одлучено Исар во реонот Штипско езеро, да избуши два нови бунари и да бидат добиени  30 –тина литри вода.Тоа е веќе сторено и се работи на поврзување на двата нови бунари со постојниот систем и нејзина дистрибуција кон филтер станицата. Потрошени се 20.000 евра за овој проект.Тоа што Исар обезбеди нови 30 литри вода во секунда, не значи дека и натаму во горештините треба да се однесуваме како водата да ја има во неограничени количини. Светските тендеции говорат дека водата станува главниот ресурс на секоја држава.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter